(ВИДЕО) Зеќири од притвор во суд: Имав една година да избегам ако сакам

Од:

Ексгенералниот секретар на Влада, Мухамед Зеќири ги убедуваше судиите од Апелација дека нема да бега доколку го ослободат од притвор, но истовремено и дека нема да влијае на сведоци како што тврди Обвинителството. Понудил и гаранција, која според тврдењата на Мирослав Вујиќ е составена од недвижен имот кој го заложиле негови пријатели. Истовремено адвокатскиот тим негираше дека Зеќири би избегал и би се криел во Германија каде регулиран престој имаат родителите на неговата сопруга, со тврдење дека и тие во моментов се во Македонија. Вториот адвокат на Зеќири, Владимир Андреевски, на судиите им укажа дека притворот не е начин да се притиска осомничениот да признае вина.

„Ниту имам намера, ниту зошто имам зошто да бегам и да се кријам од органите на прогон. Сакам да напоменам дека од предистражната постапка јас бев во тек поради функцијата која ја вршев. Јас потпишав да се дадат сите документи кои ги побарале од мене, било експедитивно процесуирано. Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Кога беше првиотпат предложена мерката притвор, поднесов оставка, за да не ја попречувам истрагата која се води против мене. Не размислувам ниту имам зошто да бегам. Фамилијарен човек сум, се грижам за четири деца, имам две од првиот брак и имам двегодишна ќерка и посинокот на мојата сопруга кој е малолетен. Во однос на родителите на сопругата кои живеат во Гермаија, сакам да посочам дека тие сега живеат во Македонија, имаат регулиран престој. Тие живеат заедно со нас. Никој околности, немам намера, ниту имам зошто да бегам. Сакам во фер постапка да докажам дека сум невин во постапка“, кажа Зеќири пред судот.

На ова се противеше Вишото јавно обвинителство. Тие сметаат дека Зеќири од слобода може да ја попречува истражната постапка.

„Предлага да се одбие како неоснована жалбата на Мухамед Зеќири. Кривичен суд правилно нашол дека кога истражната постапка е во тек, постои основано сомнение дека ако осомничениот биде пуштен, тој да се даде во бегство. Судот правилно сметал дека покрај семејните и материјалните прилики, околностите дека има потесно семејство не претставуваат гаранција дека тој нема да избега, особено што има блиски роднини на неговата сопруга кои живеат во Германија. Треба да се прибираат материјални и вербални докази, сослушување сведоци, како и сведоци кои не се познати. Во оваа фаза ако обвинетиот може да влијае на сведоците за да одбегне кривична одговорност. Предложената гаранција не кореспондира со висината на штетата. Таа не е доволна. Со укинувањето на притворот не може да се гарантира дека тој нема да се даде во бегство“, објасни Вишото јавно обвинителство.

Мирослав Вујиќ, дел од адвокатскиот тим на Зеќири, посочи дека никој од пријателите немало да заложи имот, ако навистина не верувале дека тој нема да избега.

„Судија само ќе ве замолам. Ако гледате лицата кои дале гаранција за лицата, тоа не се фамилии, туку пријатели кои се сигурни и нема тек така да ја дадат гаранцијата“, објасни Вујиќ.

Адвокатот Андреевски посочи дека притвор се одредува кога индиции за бегство, што во случајов – ги нема. Тој пред судиите во Апелација посочи и: „Дали притворот ќе биде средство за осомничениот да биде притискан за спогодување или поради вистинска можност за да влијание врз сведоци и поради опасност од бегство? Спогодувањето треба да биде под слободна волја, а не под притисок“.

„Тоа што кај нас мерката притвор се користи прешироко не може да биде оправдување за вакви решенија. Осомничениот има три деца, Целиот негов живот е поврзан со оваа држава. Нема криминални поведенија, не бил осудуван. Навистина е како нејасно од каде и како произлегува сомнежот за опасност од бегство. Тоа не може да биде сомнеж, туку треба да произлегува од дејствијата на осомничениот. Теоријата на овој предмет за кое е осомничен Зеќири се сведува на едно прашање: Дали за спроведената набавка требало да спроведе постапка или не требало? Се работи за правно прашање кое обвинителството и судот го докажуваат со писмени средства. Тој самиот ги снабдувал со доказни средства. Нејасно е како може некој си измислени непознати доказни средства, сведоци, кои никој не ги знае, ниту обвинителството да претставуваат причина, сомнеж, дека осомничениот ќе влијае на нив. Осомничениот е спремен да ги даде. Каже сите факти и околности потребни за утврдување на материјалната вистина, тоа и го презентираше со одговарање на прашањата на Обвинителството“, објасни адвокатот на Зеќири.

Апелационите судии имаат 24 часа да донесат одлука дали Зеќири под скоро два месеци, ќе го напушти истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска