(ВИДЕО) Здравкин: Доколку некој сака, може да помогне во храна и средства за хигиена за бегалците

Од:

Ленче Здравкин која својата куќа во Велес прва ја отвори за бегалците како прифатилиште, сега секојдневно доаѓа и помага во Гевгелија.

Таа апелира дека е потребно повеќе храна и средства за хигиена во прифатилиштето во близина на Гевгелија и повика луѓето кои чувствуваат потреба да помогнат да дојдат и да донесат во согласност со своите можности.

– Секојдневно доаѓам во Гевгелија со поголема количина на храна и средства за хигиена, се што е најпотребно за бегалците. Им помагаме, се организираме, тука се невладините организации, Црвениот крст, полицијата и војската, сите сме во едно. Луѓето се згрижуваат спроед капацитетите кои се тука, но се трудиме се да дадеме од медицинска нега , од храна, од облека, од секакви информации. Во кампот кај бегалците, средства за хиегиена и храна се потребни во поголеми количини, така што сите можат да ји се приклучат, да дојдат и да донесат, рече Здравкин.

Велешанката за својот ангажман минатиот месец доби и признание од УНХЦР, а неуморно им помага на бегалците повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод