ВИДЕО: Завршни работи од реновирањето на Домот „11 Октомври“, ќе се отвора уште еден Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Битола

Од:

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со заменик – министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка – министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска извршија увид во завршните работи за реновирање на просториите на Детскиот дом „11 Октомври“, каде ќе биде сместен регионалниот Центар за поддршка на згрижувачките семејства.

По извршениот увид, вицепремиерката Царовска рече дека oва е прв ваков центар во нашата држава. Таа додаде дека треба да се отвори уште еден Центар за поддршка на згрижувачки семејства, во општина Битола, кој исто како центарот во Скопје ќе биде регионален, соопштија од нејзиниот Кабинет.

– Целта на овој тип центри е поддршка на семејствата кои згрижуваат деца кои се во институции, биле во институции или деца кои имаат ризик да бидат ставени во институции, со цел тие да добијат соодветна грижа и подготовка можеби за сместување во згрижувачките семејства. Дополнително, мајките кои се во ризик да ги остават своите деца во институции исто така може да добијат поддршка во овој тип центри. Во делот на социјална заштита згрижувачките семејства имаат голема и клучна улога, во тоа да обезбедиме соодветна грижа и семејна нега за сите деца кои се во ризик или останале без своите родители, потенцира Царовска.

Вицепремиерката додаде дека со Законот за социјална заштита, што се донесе во 2019 година, овој тип центри се дефинираше и законски, но, исто така се зголемија и надоместоците за згрижувачките семејства затоа што не само што им е потребна професионална поддршка и тренинг на згрижувачките семејства, им се потребни и финансиски средства.

– Токму затоа за 30 отсто се зголемија и надоместоци за згрижување на едно, две или пет деца колку што е максимумот во едно згрижувачко семејство. Да не заборавиме дека згрижувачките семејства навистина помогнаа во нашата држава за да го завршиме процесот на реинституционализација на деца и токму со нивна поддршка и со поддршка на малите групни домови денеска немаме повеќе деца до 18 години во институциите во нашата држава, а овие институции што порано беа домови за деца сега се трансфомираат и стануваат услуги за социјална заштита на локално ниво. Понатаму и другите институции што се затворени продолжуваме да ги трансформираме во современи услуги коишто значат директна поддршка за грижа на нашите деца и ранливи групи на граѓани, нагласи Царовска.

Заменик – министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар истакна дека со реновирањето на просториите на Домот „11 Октомври“ и негова пренамена во Центар за поддршка на згрижувачките семејства, на дело се покажува грижата кон најранливите лица.

– Згрижувањето на децата е благородна мисија, за поддршка на децата кои останале без родители и родителска грижа. Тие сега растат во семејна средина. За да можат згрижувачите успешно да се справуваат со предизвиците, потребна е поддршка за брзо надминување на проблем или посистематско стекнување на знаења и вештини. Во тек е формирање два центра за поддршка на згрижувачките семејства и тоа како организациони единици ќе бидат домот „11 Октомври“ во Скопје и „Домот на доенчиња и мали деца“ во Битола. Реновирањето на просториите во детскиот дом, каде е сместен Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, во чии рамки ќе функционира и центар за поддршка на мајки со деца, се рализира со поддршка од УНИЦЕФ, за чија поддршка изразуваме голема благодарност, подвлече Бајрактар.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска