ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Од:

На социјалните режи се појави видео во струмичкиот затвор, на кое може да се види како затвореници се изживуваат и потсмеваат со поранешниот началник на полициската станица во Кочани, Ванчо Тодоровски. Може да се слушне како го тераат да земем метла и да мете.

„Сега јас сум началник. Земи началниче, ајде чисти. Ајде Ване чисти таму. Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник“ му вели затвореник на Тодоровски.

„Овој не апсеше брат. Ние сме си сега цимерчиња. Секое сабајле мораш да чистиш и да џогираш“ му велат затворениците, а Тодоровски се согласува да чисти.

Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнудa.

Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош