ВИДЕО: Затворени уште 22 угостителски објекта, неосновано покачени цени, укажувања за работодавачи

Од:

Затворени се дополнителни 22 угостителски објекта во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а 60-ина трговци неосновано покачиле цени на производи, претежно на лимоните, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во тек на 5155 надзори што ги спровеле од 22 до 27 месецов. По налог на инспекторите цените се вратени на претходно ниво.

Во тек на 748-те контроли што ги спровел Државниот инспекторат за труд се изречени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид 19, информира денеска на прес-конференција претседатеката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот, шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно 7637 надзори од 22-ри до 27-ми месецов.

При спроведени 367 надзори од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени 19 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна од овластени институции, а констатирана е и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка, при што вработените се веднаш отстранети од објектот. Дополнително се издадени и четири решенија за месарници и маркети за констатирана општа лоша хигиенска состојба во објектите поради што е наредена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 246 инспекциски надрзои и дополнително издал 2774 дозвили за влез на професионални возачи на товарни возила во државава, а констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за зашитита од Ковид 19.

Стои и осумдесет контроли спровел Државниот инсекторат за транспорт. Констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран и намален за 90 проценти, а еден автопревозник не ги почитувал препораките за преполовување на броот на патници.

Не се откриени специфични отстапувања кај аптеките, каде Агенцијата за лекови извршила 36 надзори. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките на Владата, рече Филиповска Грашкоска.

-Инспекциските служби продолжуваат да работат интензивно. Секој кој нема да ги почитува мерките ќе биде санкциониран, затоа што тие се донесени, пред се, за заштита на јавното здравје, потенцираше Филиповска Грашковска, повикувајќи на одговорност од секој поединец и правен субјект.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

По случаите со салмонела во училиштата во Карпош, ќе се спроведат инспекциски контроли

Орце Костов

Во една недела затворени осум угостителски објекти поради непочитување на протоколите

Инспекторатите за една недела спровеле речиси 5000 контроли

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за заеднички инспекциски надзор со општините