ВИДЕО: Затворен локалот „Мош“ кој работел во 23 часот, гостите вадени со полиција

Од:

Полиција интервенирала во кафе-барот „Мош“ во центарот на Скопје, откако инспектори од Државниот пазарен инспекторат биле спречени да го затворат објектот, кој бил пријавен дека работи по дозволеното работно време, потврдува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски за „А1он“.

Во објектот имало пијани лица кои ги навредувале инспекторите, вели Пауновски, и додава дека се интервенирало во 23 часот, односно два часа по дозволеното работно време, согласно препораките за заштита од коронавирусот.

„Тие навредувале додека полицијата ги вадела и легитимирала, за да можат инспекторите да затворат“, вели Пауновски.

Инспекторите ќе треба да одлучат на колку време ќе го затворат „Мош“, а законот дозволува тоа да биде од 10 до 30 дена. Дополнително, ќе се одлучува и за паричната казна од 300 до 3.000 евра која ќе треба да ја плати.

На социјалната мрежа „Твитер“ беше објавено и видео, во кое се вели дека откако дошла полицијата, околу 23 часот, дел од гостите ја прерипувале оградата и бегале од задната страна на кафулето за да не бидат казнети.

„Во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул. „Дебарца“ во Скопје. При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело ‘непостапување според здравствени прописи за време на епидемија’, велат од МВР.

Во октомври годинава полицијата го приведе управителот на барот „Мош“, 41-годишниот М.Д., како одговорно лице, поради истото кривично дело.

Според полицијата, во објектот не се почитувал протоколот за работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија, односно организиран бил концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.

Ден претходно, пак, во угостителскиот објект влегоа инспектори од Државниот пазарен инспекторат, и беше констатирано дека не се почитува растојанието меѓу масите од 1,5 метар. Во објектот беа повикани и претставници на Инспекторатот за животна средина од Oпштина Центар и извршено беше мерење на бучавата во локалот. Од инспекторатот соопштија дека таа била над дозволените граници, за што најавија дека ќе биде доставена прекршочна пријава од Инспекторатот за животна средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес