ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред неколку дена се запленети 1053 стебла канабис од правно лице во гостиварско и ќе следува кривична пријава затоа што биле засадени без дозвола.

Како што се наведува во соопштението на 04.10.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и полициски службеници од ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршиле вонредна контрола и претрес врз основа на наредба за претрес издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

„При влез во правното лице бил затекнат М.П (35) државјанин на Р.Албанија, кој извршувал работни задачи иако не е вработен во правното лице и истиот нема регулиран влез и престој во државата. По преземени мерки, во станот каде што престојувал, пронајдени се марихуана и шприц со хашиш смола“, соопшти МВР.

Лицето е предадено со кривична пријава во ОЈО Гостивар.

„Поради постоење на сомнение дека правното лице има засадени растенија канабис на парцела за која нема добиено дозвола, за време на претресот било присутно вешто лице од областа на геодезија, кој по претходно издадена наредба од јавен обвинител од ОЈО Гостивар, извршил увид на лице место и обележување на граници на катастарски парцели. Согласно наодот и извештајот на вештото лице, утврдено е дека правното лице има насади на канабис растенија на парцела за која не поседува соодветна документација, односно не добило дозвола за садење на канабис растенија на наведената парцела.

По дадени насоки од ЈО на 07.10.2023 на наведената парцела е утврдено дека се посадени 1053 канабис растенија кои се одземени. По комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за правното и одговорното лице“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Скопјанец возел во спортивна насока на автопатот кон Тетово

Скопјанецот кој прегази жена во Марино возел дрогиран