(ВИДЕО) Загрижени граѓани: Непознат маж демне и манијачи девојчиња цела година во нашето маало

Од:

Средовечен маж кој се преставува како емигрант среде бел ден се соблекува гол, сексулано вознемирува девојчиња, манијачи по влезови, напаѓа и краде златен накит раскажуваат револтирани граѓани од неколку згради во центарот на Скопје. Пред камерата на А1он велат дека се очајни и загрижени бидејќи овој човек скоро цела година е закана за нивните деца, кој како што велат, пред нив дува лепак, крши стаклени шишиња и урла на непознат јазик.

– Непредвидлив е, ќе излезе од некаде и ќе почне да вика, да се дере. Кога ќе добие сексуален нагон напаѓа девојчиња, ги плаши. Цела вечер ги пазиме од него да не нападне некое дете кое може да биде силувано. Се соблекуваше , еднаш во еден продажен салон, а втор пат тука на булеварот. Повеќе пати е виден како “дува лепак“ и пие алкохол. Пред нас се претставува како емигрант и наводно зборува арапски и лош англиски јазик. Со нас и не зборува само мавта со рацете и вели „фуд-фуд“. Повеќе од јасно ни е дека тој не е тука за храна, туку има друга цел. Ќе го пријавиме во полицијата, ќе го соберат на неколку часа и вечерта ете го пак тука, раскажува Горан Десоски жител на општина Центар.

Граѓаните дознале дека човекот е опасен деликвент и добро познат на полицијата. Освен што „манијачи и демне“ како што тврдат тие, тој краде и разбива дуќани.

„Во нефомален разговор со полицијата дознавме дека овој човек пред неколку години е депортиран од Белгија за дела што ги направил таму. Ова го откриле по отисоците на прстите со кои го потврдиле неговиот идентитет, но тој нема документи за лична идентификација. Знаеме дека има досие за кражби и разбојништва. Пред два дена среде бел дел украде златен ланец на една жена, за малку ќе ја задавеше. Едноставно човекот е очаен, скитник, краде, напаѓа и непријатен е за гледање,“ вели Борислав Јангушевски.

Во полициската станица „Беко“ го пријавиле преку 40 пати за разни дејствија. Полицијата му одредила забрана за движење на плочникот зад зградите во близина на Соборниот храм. Но и покрај забраната тој повторно се враќал и продолжувал со истото однесување. Јавно побараа надлежните институции да се организираат и да најдат решение за него.

„Ние не можеме да вршиме проценка дали човекот е болен или не. Но, знаеме дека има институции во оваа држава, ако е деликвент нека го однесат во казнено-поправен дом, ако е азилант нека го сместат во тие кампови што се за мигранти. Не можеме веќе да се бориме со него, исцрпени сме“, додава Горан Дескоски.

Според кажувањата на жителите овој човек во нивното маало се појавил во септември минатата година и прв бил виден како спие на картони кај подземните гаражи на околните згради. Мислеле дека е бездомник и му помагале со храна и облека. Но, подоцна со неговото однесување, тој станува закана за нив. Го посочиле на социјалните мрежи , за да ги предупредат останатите граѓани на Скопје. Други граѓани го препознале и потврдиле дека претходно напаѓал во Карпош и Тафталиџе, а бил забележан и во близина на Железничката станица како проси пари.

Од МВР не добивме одговор за тоа дали и како постапиле по пријавите на граѓаните. Велат дека барањето за овој случај е проследено до СВР Скопје од каде што може да очекуваме одговор во текот на неделата.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Во Србија: Уапсена е голема група педофили кои демнеа жртви од три до 14 години

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Судот донесе одлука за притвор: 63-годишен маж се самозадоволувал во воз

Горан Наумовски

Белорусија воведува кастрација на педофили