Уапсени се шестмина битолчани кои „ловеле“ педофили

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.

– Во период од февруари 2025, пријавените, дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на социјални мрежи користеле лажен профил преку кој се претставувале како 14-годишна малолетничка и воспоставувале комуникација со машки лица, по што договарале средби на повеќе локации на подрачјето на Битола. По пристигнување на договорените локации, оштетените биле пресретнувани од членовите на групата, снимани без нивна согласност, навредувани, омаловажувани, психички малтретирани и принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, а создадените видео записи и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјални мрежи, со што кај оштетените предизвикале чувство на страв, понижување и загрозување на нивната сигурност, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Четири лица се уапсени, седум случаи на семејно насилство за 24 часа

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Горан Наумовски

Уапсени се 14 возачи во Македонија – 8 од нив за возење без возачка дозвола

А1он

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица