(ВИДЕО) Зафировски: Србија освен што гради клинички во Белград за 125 милиони евра, прави и дисперзиран здравствен систем

Од:

„Владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче е во нов поход по провизии.

За новиот клинички центар што го планираат немаат проект, освен физибилити студија од 30 страници, дали ова е покритие за кражба на народни пари.

Новиот клинички го планираат на површина од околу 100.000 метри квадратни, со 1.025 болнички кревети, 20 операциони сали“, рече Оливер Зафировски, член на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.

„За сето ова велат ќе потрошат нешто повеќе од половина милијарда евра. А, сега што прави Србија?

Србија есенва ќе има исто нов клинички центар, на површина од 86.000 метри квадратни, со 1.000 болнички кревети, со 20 операциони сали.

Ама Србија за овој клинички центар ќе потроши не повеќе од 125 милиони евра.

Огромна разлика за ист проект. Разлика од 400 милиони евра.

За зајакнување на здравствениот систем Србија планира и нови клинички болници во Нови Пазар каде како што вели претседателот Александар Вучиќ ќе се вложат од 25 до 35 милиони евра.

Во Србија се планира и комплетна реконструкција на сите капацитети во Лесковац, во Врање, во Пирот, во Кикинда за да се намали притисокот врз клиничкиот центар во Белград и во Нови Сад.

Значи она што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дисперзиран здравствен систем, веќе се прави во другите земји.

И пак, има разлика. Ова го налагаат потребите наметнати по корона пандемијата. Истите бараат зајакнување на здравствените установи и воспоставување на дисперзиран здравствен систем. Ова веќе го спроведуваат и земјите во ЕУ, но само Филипче никако да разбере.

А, зошто би брзал за нов клинички и зошто би разбрал дека треба дисперзиран систем? Доказ дека не се работи воопшто и на дисперзираниот систем се болниците во Штип, Прилеп и Битола на кои им недостасува едуциран медицински кадар, а исто така и нови капацитети.

Филипче и Заев се грижат само за 400-те милиони евра кои треба да ги споделат со нивните бизнис партнери, а го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е против закон за нов клинички центар.

Не се работи за закон за нов клинички, туку само за предлог закон за реализација на проект. Значи повторно само површни проекти, физибилити студии, а дотраениот и колабираниот клинички центар „Мајка Тереза“ е комплетно руниран и не ќе може да издржи уште една ваква или слична здравствена криза.

Од сето ова јасно е дека се работи само за студии и измислени проекти кои никој пат нема да бидат реализирани.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка!

4 години власт на Заев. 4 години украден живот. Доста е!“, изјави Оливер Зафировски, член на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски