(ВИДЕО) Заева: Никој нема да биде запоставен, крај на насилството за жените и девојките!

Од:

Ова е пораката на Зорица Заева, покровител на денешната дебата „Заедно против насилство врз жените“, која се одржа во Струмица, организирана од страна на Организација на жени од Струмица.

„Живот без насилство е право, а не привилигеија!“, истакна во своето обраќање Заева и повика на гласност и одлучност кога зборуваме за насилство врз жените.

На дебатата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која ја истакна важноста од ратификација на Истанбулската конвенција, а која во моментот е во процедура во Владата на Република Македонија.

„Во текот на овие 16-те дена активизам, Владата ќе го усвои предлог законот за ратификација на Истанбулската конвенција и ќе го достави до Собранието на Република Македонија“, рече министерката Царовска.

Министерката воедно ја истакна и подготвеноста на Владата како еден од своите врвни приоритети да ја стави родовата еднаквост.

На дебатата панелистите зборуваа за родово базираното насилство, секој во рамките на надлежностите на институцијата од каде што доаѓа.

Јована Тренчевска од МТСП истакна дека во државата не постојат статистички податоци за насилство врз жените и ги сподели статистичките податоци на граѓанските организации. Зборуваше за дел од објавената анализа на Националната мрежа за борба против насилство.

„Од 2008 до 2016 година има вкупно 70 убиства на жени, од кои 54 се идентификувани, а од нив 51 буле фемициди (убиство на жена само заради тоа што е жена). Тоа значи дека имаме 51 жена која можеби можела да биде заштитена доколку државата соодветно реагирала“, рече тренчевска.

На дебатата говореа и д-р Ана Филипче, психијатар на Универзитетската клиника за психијатрија, Д-р Елена Костова, национален технички координатор на СЗО за Република Македонија, адвокат Нетка Ковачева (Организација на жени од Струмица), Маја Иванова, виш инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција при СВР Струмица и Викторија Јовановска, директорка на Клиниката. за гинекологија.

Препораките и заклучотите од денешната дебата ќе бидат доставени д осите надлежни институции, заради координиран и мултисекторски пристап во решавањето на овој горлив проблем.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас