Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори.

„На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, веројатно ќе нема место каде што нема да победиме. Победата во Карпош и победата во Струмица ќе бидат круната на овие локални избори. Во Карпош затоа што мора да покажеме дека во Македонија има владеење на правото и оние коишто грешеле не може да бидат градоначалници, туку ќе одат таму кај што заслужиле, а во Струмица затоа што допрва ќе испитуваме што се работело во општината години наназад, децении наназад, на кој начин тоа се правело. На кој начин од еден пристоен град за живеење Струмица стана град којшто е на врвот на листите на загадување секоја зима, и како никнат згради како печурки на секој ќош кој тоа го дозволи и како го дозволи тоа”, кажа Николоски.

Николоски посочи дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Струмица ќе стане поубаво место за живеење со реализација на бројни инфраструктурни проекти, нови улици, булевари училишта, градинки како и поврзување со Коридорот 4.

„Владата силно ќе застане и позади овој тим на советници, луѓе кои сум убеден дека со доктор Никола заедно ќе работат да имаме најуспешен совет досега. Убеден сум дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме заеднички да ја спроведеме визијата и да реализираме бројни проекти, да направиме и Струмица и околните населени места многу поубаво место за живеење. Ќе има нови улици и нови булевари и нови водоводни и канализациони системи, ќе зборуваме и за нови училишта и за нови градинки, ќе зборуваме да реализираме повеќе паркови, а ќе реализираме и големи инфраструктурни проекти. Нашата стратешка цел покрај двата коридори коишто се сечат Коридорот 10 и коридорот 8, е да се поврземе и со Коридорот 4 и тоа поврзување ќе оди токму преку Струмица, најавувам многу голем грандиозен проект“, истакна Николоски.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот