(ВИДЕО) Заев за празникот Прочка: Само помирено општество ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани

Од:

„Денешниот ден, Прочка, не учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата.
Денешниот празник на простувањето и помирувањето е шанса да направиме чекор за пробивање на оваа тврдина испречена пред нашата заедничка иднина.

Дeнес се поттикнуваме да одиме по патот на единството и меѓусебното разбирање, во интерес на сите граѓани на нашата земја.

Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации. Да направиме уште еден подвиг од сите нас, за сите нас“, порача Заев.

„Да завршиме, да ги оставиме во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“. Да се трудиме сите ние да разговараме со нам различните, со другите, да ги слушаме соговорниците и да се обидеме да ги разбереме нивните ставови, дури и кога не се согласуваме со нив.

Само помирено општество кое го обединува множеството на различности, ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани.

Во таква Северна Македонија, во општество еднакво за сите, веруваат мнозинството од граѓаните. Ако ја прифатиме одговорноста за нашата иднина, за иднината на нашата заедничка држава, заслугите ќе им припаднат на сите!

Да се учиме и навикнуваме на овие доблести, да вдишуваме од овој дух на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост во нашиот стремеж за достоинствен дом за сите наши граѓани.

Сите ние да побараме прошка едни од други, да простиме и да гледаме напред!“, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев