(ВИДЕО) Заев: Во следниот мандат 200 милиони евра годишно финансиска поддршка за земјоделството

Од:

Земјоделците и во Ново Село и низ целата држава знаат дека во СДСМ имаат партнер кој се грижи за нив и го цени нивниот труд, 480 милиони евра во последните три години насочивме кон земјоделците, преку директна или индиректна финансиска поддршка, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во Ново Село.

Тоа, нагласи тој, ќе продолжат да го прават и во следниот мандат каде обезбедуваат 200 милиони евра годишно финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој.

– Три години вложуваме во секоја гранка од земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме. Конкретно, во делот на градинарството, гранката која е најзастапена овде во Ново Село и струмичко го олеснивме процесот за аплицирање за субвенции. Ја зголемивме субвенцијата за 6.000 денари за развојните производители со површина од еден до пет хектари. Зголемивме и исплативме дополнителни субвенции за лубеница, домат, за зелката, истакна Заев.

Тоа, смета тој, е вистинска грижа и партнерски однос кој го градат со земјоделците.

– Во новиот мандат, обезбедуваме сигурен пласман и современи услови за складирање на градинарските производи преку изградба на три откупно-дистрибутивни центри, еден од нив и овде во Струмица. И во следниот мандат ќе продолжиме да им помагаме на младите земјоделци на жените од руралните средини преку постојано зголемување на неповратните средства кои ги добиваат за да се занимаваат со земјоделство. Од една страна е ова, директна и конкретна помош и поддршка кон земјоделците, од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ со лагите, со манипулациите и понижувањето врз земјоделците, вели Заев.

Додава дека разликата меѓу нивните концепти е огромна и тоа, како што вели, ќе се потврди на 15 јули и во Ново Село и во Струмица и низ целата држава.

– Земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, повисоки грантови и сигурен пласман, а по 15 јули заедно со нив ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ