(ВИДЕО) Заев: Во моментов има закани кон опозиционери, семејството на Верушевски е под невиден притисок

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека поединци од опозицијата се под закани од страна на власта во интервју за телевизиската мрежа „Ал Џезеира Балкан“.

– Целосот семејство Верушевски е под дрска пресија. Трпат невидени закани во притвор. Во моментов има закани за опозиционери. Неговото семејство е под констанате притисок и претрес. Си се намерачил на Верушевски, во ред, но не го чепкај семејството. Зошто сопругата и децата? – рече Заев, додавајќи дека премиерот, Никола Груевски, ја има речиси целосната контрола во државата и дека ги држи во рака сите институции.

Претседателот на најголемата опозициска партија уште еднаш ги повтори своите цели од политичката криза да се излезе со преодна влада.

Оваа влада, рече тој, ќе има за цел да ја оддели партијата од државата и да ја подготви за избори. Причината за објавување на снимките, рече тој, е со цел да се симне од власт Груевски.

– Идната влада мора да има силен кредибилитет. Но наша цел не е промена на власта, или СДСМ да стане власт. Тоа е обврска на граѓаните. Наша примарна цел е да ја вратиме демократијата во Македонија – посочи Заев.

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му