(ВИДЕО) Заев – Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите на С. Македонија со ЕУ

Од:

Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија била искажана на средбата на премиерот Зоран Заев и членовите на македонската делегација, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска со извршниот потпретседател на Европската Комисија Франс Тимерманс во Брисел, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев на состанокот изрази благодарност за поддршката на потпретседателот на ЕК Тимерманс за почеток на пристапните разговори со Северна Македонија и додаде дека нашата земја, како и Западен Балкан, се дел од иднината на Европската Унија и дека тоа прашање не трпи одлагање.Во срдечната и пријателска атмосфера на средбата потпретседателот на ЕК Тимерманс, како што стои во соопштението, изрази честитки за лидерството и за сѐ што беше направено за напредокот и демократската и реформска трансформација на Северна Македонија во изминатите неколку години и нагласи дека останува цврсто на неговата лична и институционална заложба за почеток на завршниот дел од процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Соговорниците на состанокот се согласија дека во овој процес не треба да има одвојување од Албанија и оти и Северна Македонија ги исполни сите услови да ги почне преговорите што беше потврдено и во извештаите на ЕК за безусловен старт на преговорите.

На средбата, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, стана збор и за пост-ковид периодот и за поддршката на регионот и на нашата земја во фазата за социо-економско закрепнување, при што потпретседателот на ЕК Тимерманс како посебен успех на Северна Македонија го издвои лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија што претставува сериозен влог на државата во проектите кои од ЕУ ќе добијат финансиска помош преку Економско инвестицискиот план и ИПА програмата вредна девет милијарди евра грантова помош и дополнителни 20 милијарди поволни кредити за инфраструктурни и други проекти во регионот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска