(ВИДЕО) Заев: Струмица нуди одлични перспективи, бизнисмените да ги зграпчат можностите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека е убеден во победата на СДСМ во Струмица исмета дека Струмица, како една од поразвиените општини во Македонија, може да трасира посовремени патишта за развој и раст коишто ќе придонесат во секојдневниот раст на Република Македонија.

– Зборувавме за можноста на комуникацијата на Струмица со останатиот дел на светот, но зборувавме и за сите можности коишто државата ги нуди на деловната заедница. Пред се на домашните бизнисмени, покрај на странските инвеститори коишто треба навистина да ги зграпчат како можност, како перспективи убедени дека ако бизнисот оди напред, тој ќе дава и нови работни места, ќе плаќа нови даноци на државата и претставува еден поврзувачики процес за којшто верувам дека сите сме свесни, рече Заев.

Тој додаде дека добро ги познава струмичките бизнисмени, соработувал долги години со нив и верува во нивниот капацитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?