ВИДЕО: Заев со ветувања за нови работни места, грижа за сите и правда влегува во изборната трка

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се обрати на 24-тиот Конгрес на партијата, на кој треба и официјално да бидат објавени носителите на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори на 12 април. Тој ја претстави програмата под име „Можеме уште повеќе, уште подобро“ која се темели на пет столба:

  1. Нови работни места и повисоки плати
  2. Грижа за сите
  3. Ред, дисциплина и правда
  4. Сите за еко држава
  5. Ние сме за НАТО, одиме во ЕУ

„Две и пол години СДСМ ја предводи власта. Толку време напредуваме на секое поле, правиме пресврт на подобро. Во 2016 најавивме концепт со кој парите ги враќаме назад кај граѓаните. Денес, тој концепт е целосно исполнет“, рече Заев, образложувајќи дека ја укинале радиодифузната такса, ги намалиле трошоците за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, ги намалиле казните за физичките лица, ја зголемиле социјалната помош и субвенциите за земјоделците.

Тој го спомена и Законот за јавно обвинителство, кој треба да го зајакне капацитетот на правната држава.

„Предметите ќе имаат завршница, а политичарите остануваат настрана од судиите и обвинителите. Ќе нема веќе скриени амнестии. На некого ова не му се допаѓаше, но оние кои се за правда надгласаа со две тритини во Собранието. Сега правосудството е на ред да испорача правда без да се соочува со политички или други притисоци“, рече Заев.

Тој рече дека нивната програма нуди повисок економски раст и одговорни институции, воведување на ред, правда и дисциплина, иновативна, зелена и дигитализирана држава во која „што ќе се цени трудот на секој поединец, држава во која младите ќе останат тука“.

„Ако за 2,5 години можевме државата да ја извадиме од финансиски колапс, расчистивме целосно со груевизмот, воведовме ред еднаш засекогаш, ако можевме да обезбедиме праведна и социјална држава, гарантираме дека ќе обезбедиме правна држава“, рече тој.

Лидерот на СДСМ, претставувајќи го првиот столб, вети 100.000 нови работни места и повисоки плати за сите. Притоа рече дека минималната плата ќе биде 300, а просечната 600 евра до крајот на мандатот. Пензиите ќе пораснат до 21 процент до крајот на мандатот. До 2024 година ќе има бесплатна зелена нафта за сите земјоделци, вети Заев.

Тој рече и дека ќе вложува во инфраструктурата, а социјално ранливите ќе бидат згрижени. Околу 34.000 домаќинства, според Заев, ќе примаат социјална парична помош а 65.000 деца детски додаток.

До 2024 година, вети Заев, ќе се реконструираат сите студентски домови.

Тој ја најави изградбата на новиот Клинички центар и уште неколку регионални.

Тој повторно најави прочистување во правосудството, преку разрешување судии кои намерно ќе застаруваат предмети и ја најави ревизијата на судските предмети по случаен избор.

„Ако направивме правична држава, ќе обезбедиме и правда“, рече тој.

До крајот на мандатот, вели Заев, планирани се да се отворат 80 проценти од поглавјата на ЕУ.

„Со отворањето на поглавјата, Северна Македонија има пристап од 2 милијарди евра, за инвестиции, оиновации, нови работни места, за патишта, за здрав живот…“.

Тој рече дека ќе се воведат повисоки казни за загадувачите, и за фабриките и за фирмите и за граѓаните кои несовесно загадуваат.

„Воедно, ќе ги субвенционираме домаќинствата да користат алтернативни начини на затоплување“, рече Заев.

Тој на својот опонент Христијан Мицкоски му порача дека се уште се држи до старата режимска политика, е извшрител на Груевски и е против евроинтеграциите.

„Со ваква политиа тој ќе остане во минатото, затоа што за ваква политика нема гласови, нема иднина. Самиот тој знае дека го чека пораз, па затоа побегна од соочување во четвртата изборна единица, исто како и неговиот шеф. За овој кукавички пораз ќе има казна на 12 април, бидејќи од мене можеш да бегаш, но од волјата на граѓаните не“, му порача Заев на Мицкоски.

Во моментов се одвива затворениот дел на Конгресот на кој околу 700 делегати ќе ги разгледуваат предлозите за носители на листи во шесте изборни единици и кандидатите за пратеници, по што повторно ќе се обрати Заев пред јавноста за да ги соопшти резултатите.

Според извори од партијата, во тандем, во ИЕ 1, одат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски во тандем со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител е Љупчо Николовски, а втора на листа е Јагода Шахпаска. Во 4 ИЕ, носител е Зоран Заев заедно со Соња Мираковска. Во ИЕ 5, Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, и во ИЕ 6, одат Билал Касами со Фаница Николовска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов