(ВИДЕО) Заев со лозарите: Владата да помогне визбите да го складираат грозјето

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со лозарите од тиквешкиот регион кои со денови загрижено чекаат пред откупните пунктови во очекување да го предадат овогодинешниот род. Тој ја изрази својата поддршка за нив и најдиректно ја повика Владата да направи интервентен откуп на грозјето.

„Грозјето ни скапува по нивите. Откупните пунктови се затворени. Регистрирани земјоделци сме, а не знаеме како ќе ја преживееме зимата“ се пожалија лозарите.

Заев порача дека државата веднаш треба да интервенира и да го откупи грозјето, а потоа да договори со визбите складирање на родот.

„Ја повикуваме Владата веднаш да се охрабри на ваков чекор. Во прашање е нашиот народ на којшто му е итно потребна помош за мирно да ја преживее зимата“  рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците