(ВИДЕО) Заев: СЈО се интегрира во Обвинителство за организиран криминал на чело со Русковска

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека Владата ќе достави нов предлог за закон за јавно обвинителство. Тој најави дека законот ќе содржи дел од точките кои се на барање на опозицијата и очекува поддршка од повеќето пратеници.

„Не наидовме на искрен пристап. Од ВМРО-ДПМНЕ се соочивме со неразумни барања за јавното обвинителство и максималистички барања. Го наметнаа прашањето дали Мицкоски искрено се залага за европска иднина, владеење на правото и расчистување на криминалот. Ние докажаве дека криминалот не штити партиски бои“, рече Заев.

Со предлог законот СЈО се интегрира во ЈО за гонење организиран криминал и корупција и добива нов назив – Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. Ќе има самостојност како СЈО што има сега, но ќе биде под Јавното обвинителство. Ќе го води Вилма Русковска, а сите обвинители од СЈО ќе продолжат со работа во обвинителството, со право на реизбор како другите обвинители.

Случаите пред судот ќе продолжи да ги застапува новото обвинителство. Архивата, средствата и опремата од СЈО ќе се префрлат во ЈО.

Според предлогот на владата, клучна гаранција за самостојност ќе биде финансиската независност, со предлог буџет на шефот на ова обвинителство.

Првиот човек на обвинителството ќе се разрешува со 2/3 мнозинство во Совет на обвинители.

Заев ги повика сите пратеници да го поддржат предлогот и да ги надминат партиските интереси.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски