(ВИДЕО) Заев: Сите општини се еднакво важно, затоа се залагаме за рамномерен регионален развој за сите

Од:

Мора да го отвориме Македонски Брод блиску до главниот град ако сакаме развој, ќе ја поддржиме индустриската зона, ќе ја поддржиме инфраструктурата, но за да има инвестиции мора да го отвориме Македонски Брод кон главниот град, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот митинг во Македонски Брод.

– Oвој наш прекрасен регион може поинаку, може подобро да донесе живот за сите. Затоа го имате Живко за живот во Македонски Брод. Дојдов прво да го дадам зборот дека ќе ја имате целата моја поддршка, поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот за сите проекти коишто се однесуваат на квалитетна инфраструктура, поврзување со Македонски Брод и квалитетен живот за сите граѓани на Македонски Брод, рече Заев.

Тој додаде дека сите општини се еднакво важно и дека парите рамномерно ќе биде распределени еднакво насекаде во државата и кажа дека се залагаат за рамномерен регионален развој за сите.

– Македонски Брод не може и не смее да си дозволи да им го продолжи рокот на траење и на оние кои ја водат општината, а што ја водеа државата. Вие рековте не на централната власт, сега е време да ја промениме локалната власт. Да гласаме за Живко за живот во Македонски Брод. Да живее Македонски Брод, да живее Република Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања