ВИДЕО: Заев се консултира со Грција за референдумот за името, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Очигледно Зоран Заев мораше да се консултира со Грција дали и со какво прашање да застане пред македонските граѓани, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Македонскиот премиер за своите одлуки или дилеми прво се обраќа пред грчката јавност! Тоа е зајакнатиот Зоранов идентитет, велат од опозицикста партија.

– Ваквото однесување на Заев е срамно и антидржавно! За највисоките државни и национални интереси граѓаните да разбираат преку грчка национална телевизија, откако прво ќе го слушнат грчките државјани. Тоа е недостојно за премиер на Република Македонија. Дали тоа Зоран Заев се консултираше со неговите нови пријатели преку границата што да го праша македонскиот народ на референдум?

„Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“ Или „Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?“, рече портпаролот на на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски