(ВИДЕО) Заев: Се чувствувам лошо, би бил среќен да сфатев во првата минута од разговорот

Од:

Премиерот Зоран Заев нема намера да поднесе оставка бидјеќи не оддал државна тајна ниту направил кривично дело во разговорот со руските комичари кои се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко. Тој вели дека се чувствува лошо што во првата минута не дознал дека е „местенка“, но ја преслушувал снимката неколку пати и заклучил дека нема одговорност.

„Се чувствувам лошо, би бил среќен да го сФатев ова во првата минута од разговорот, но не го сфатив“, вели Заев.

Во врска со наводите дека понудил пари, односно прифатил да даде 100 000 евра „донација“ за патријархот Вартоломеј за признавање на автокефалноста на МПЦ, Заев тврди дека снимката е извадена од контекст, односно дека во еден дел од разговорот зборуваат за автокефалноста , а во друг дел зборувале за парична поддршка на верските заедници. Тој вели дека лично со свои средства или со средства од фирми блиски до неговото семејство многу често помагал па во таа насока и овој пат рекол дека нема проблем да помогне.

„Од разговорот се гледа мојот придонес и поддршка за МПЦ и дома и во странство. Секогаш работам во одбрана на интересите на нашата држава. Тоа е мојата постојана заложба. Овде се работи за незаконски активности на странски агенти. Во разговорите се слуша мојот став против промена на граници и размена на население. Во разговорот го пренесувам мојот личен став дека ќе направам сѐ што треба за автокефалноста на МПЦ“, рече Заев.

Претходно, Заев кажа дека бил жртва на неговата отвореност и мета на анти-НАТО кампања и добро организирани струкутури кои работат против држави со евроатлантски апсирации, а наведе и дека други државници како Макрон, Столтенберг и Ердоган биле „наместени“ како и самиот Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев