(ВИДЕО) Заев: СДСМ води на анкетите пред ВМРО ДПМНЕ, јасно е, со коалицијата сме фаворити на изборите

Од:

„СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа, секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите.

Јас знам дека наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата, ќе се потрудиме најголем дел од тие да ги реализираме до април месец заради тоа што веќе се објавени мерките и за раст на платите, пензиите и за лекарите и за капиталните инвестиции што се реализираат во државата, еколошките проекти се отворени, квотите се укинати, донесен е законот за основното образование, до крајот на годината за средно образование, верувам дека можеме до тогаш да отпочнеме и со Клиничкиот центар изградбата да се движи, да почне нешто во постапката, се градат големи енергетски проекти, плановите може да ги исполниме во најголем дел, иако знаете дека ни беа ускратени 6 месеци од мандатот. Јас сум претседател на владата 2 години 4 месеци и 20 дена, и успесите се големи, ако правите паралела со 11-те години на ВМРО ДПМНЕ, со она што денес е постигнато, слушнете ги само европските лидери што зборуваат, прашајте ги граѓаните како зборуваат, секако не може сите да се задоволни не сме ниту ние безгрешни, но со сите свои грешки успехот е голем“, одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев за рејтингот на партијата со оглед дека се правени внатрешни анкети во партијата.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Учениците ќе ги одработат двата изборни денови и неработниот ден за ОБСЕ

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот