(ВИДЕО) Заев: Предизвиците се големи, но да се украсиме со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели

Од:

Доаѓаме до крајот на една од најважните и најчувствителните години за нашата земја. Година на интеграциите. Преку изградба на пријателство со соседот Грција, одговорно затворивме спор што Македонија ја влечеше надолу цели 27 години. Избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане 30тата членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО. рече премиерот Зоран Заев во неговото новогодишно обраќање.

– Се подготвуваме за почеток на преговорите со Европската Унија, процес со кој градиме држава по европски стандарди и со што стануваме рамноправни со граѓаните од Европската Унија. Државноста се потврдува само во заедница со другите, а не во изолација. Ја градиме Македонија да биде богата и современа држава, во која сите граѓани ќе имаат пристоен живот и благосостојба, за себе и за своите фамилии. Земја на инвестиции и модерна инфраструктура, земја на солидарност и заедништво, каде сите ќе се почитуваме меѓусебно и ќе си помагаме, рече Заев.

Тој додаде дека додека ја испраќаме 2018 година, во пресрет на празниците, да се подготвиме за моментите исполнети со радост, задоволство и просперитет на секој план.

– Направивме чекори кои овозможија сега тоа да зависи само од нас. Да бидеме горди на тоа. Затоа, иако предизвиците се големи, да се украсиме сите ние со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого. Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации. Ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух. Среќна Нова 2019 година, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот