(ВИДЕО) Заев пречекан со овации, замина на средби со партиите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред партиското седиште рече дека од денеска ги почнува средбите со коалиционите партии и политичките партии на албанците. Според него, нова Влада ќе има час поскоро бидејќи процесите за промена мора да се случат веднаш.

– Среќен сум што се погоди две години од 17 мај, денот кога бликаше граѓанскиот аспект на единство, на сплотеност, на едно општество за сите. Драго ми е што токму на овој ден го добивме мандатот, шанса да се обидеме да формираме влада. Јас сум поприлично убеден дека ќе формираме влада во многу брз период и ќе излеземе пред парламентот со целото образлагање за програмата на новата Влада и новиот владин кабинет. Чувствата се многу среќа и одговорност. Граѓаните очекуваат резултати. Се надевам дека ќе носиме мудри одлуки, да работиме умно со интересите за сите наши граѓани, рече Заев.

Пред седиштето на СДСМ, Заев беше пречекан со овации, по што тој веднаш замина на состаноци со партиите. Освен лидерот на СДСМ, со овации беа пречекани и останатите пратеници на СДСМ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска