(ВИДЕО) Заев по средбата со Столтенберг: Македонија е докажан партнер на НАТО

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг изјави дека се надева Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

„Дозволете и јас да го изразам моето задоволство од приемот овде во централата на НАТО Алијансата, од генералниот секретар на НАТО и неговиот тим. Сакам да изразам благодарност за поддршката која ја добиваме од НАТО, вклучително и од локалната канцеларија на НАТО во Скопје. Во духот на идната блиска соработка упатив покана и до генералниот секретар да ја посети Македонија.

Го поздравуваме членството на Црна Гора во НАТО, тоа е големо охрабрување за нас. Се надеваме дека за брзо време ние ќе бидеме следната добра вест што ќе дојде од НАТО.

Многу е важно регионот на Западен Балкан да биде безбеден и стабилен. Добри односи со соседите се од исклучителна важност. Посветени сме да ја подобриме соработката со нашите соседи и да оствариме посилна регионална соработка.

Република Македонија е докажан партнер на НАТО. Даваме придонес во мисиите на ЕУ и НАТО од 2002 година. Во ИСАФ бевме четврта земја пер капита со нашиот придонес. И во иднина ќе бидеме на заедничка страна со НАТО. Насилниот екстремизам и радикализам се заеднички предизивици. Ќе ги превземаме сите мерки за да ги надминеме.

Би можеле да дадеме уште поголема поддршка ако сме членки на НАТО. Во Република Македонија постои силна политичка поддршка од сите партии и етнички групи, како и силна поддршка од јавноста за членство во НАТО. Воедно, ние сме посветени на зајакнување на воените и безбедносните капацитети, за да ги постигнеме стандардите на НАТО.

Но се што сме направиле не е доволно за полноправно членство. Соочени сме со дополнителна и посебна пречка. Иако тоа не е фер, ние сме посветени на подобрување на односите со соседите, зајакнување на дијалогот и на мерките за градење доверба.

Посакуваме членството во НАТО да биде и за нас реалност во догледно време. Посветени сме и на домашни реформи кои се усогласени со ЕУ. Посветени сме да ја подобриме демократијата и да ја зајакнеме социјална кохезија меѓу сите граѓани. Отворени сме за соработка за сите кои сакаат да придонесат кон нашата заедничка иднина – а тоа е Република Македонија како демократска држава да биде дел од Евро-Атлантското семејство“ изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев кажа дека ќе се обиде на сите можни начини да ја придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и дека очекува поддршка од граѓаните во Грција, во поглед на решавање на овој проблем. Тој изрази надеж дека Македонија може да стане членка на НАТО под привремената референца, а потоа да продолжат преговорите со Грција или Македонија да добие покана за членство во НАТО, а решение за спорот со името да биде пронајден во периодот додека трае ратификацијата кај останатите земји членки.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина