(ВИДЕО) Заев по средбата со Пенс: Добивме силна поддршка и охрабрување за следење на курсот за членство во НАТО и ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во Вашингтон оствари средба со Потпретседателот на Соединетите американски држави Мајк Пенс.

Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Мајк Пенс, и со членовите на неговата делегација, разговараа за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по средбата, во амбасадата на Република Македонија во Вашингтон одржа брифинг за новинарите што допатуваа за да ја следат оваа средба, како и со медиумските претставници дописници од Република Македонија што известуваат од Вашингтон и САД.

Средбата со Потпретседателот на Соединетите американски држави Мајкл Пенс, во Белата Куќа во Вашингтон, го направи овој ден посебен за граѓаните на нашата земја, за мене и за Владата на Република Македонија.

Можноста да се сретнеме со Потпретседателот Пенс доаѓа во еден клучен историски момент за нашата земја, кога за десеттина дена, нашите граѓани ќе го одредат курсот на Република Македонија кон нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

Добивме силна поддршка и охрабрување од него да продолжиме по тој пат. На два пати ги пренесе истите пораки од Претседателот Трамп за покажаното лидерство, за постигнатиот договор, со Грција, за успешен референдум. За нашите идни реформи и за нашето полноправно и заслужено место во НАТО и ЕУ.

На средбата имав можност да ја искажам нашата благодарност за огромната и суштинска поддршка што ни доаѓа од САД, со можноста директно низ средби со високи претставници на американската администрација да го потврдиме нашето стратешко партнерство и директно, непосредно да разговараме за нашите заедничка идни активности.

Голема инспирација и охрабрување добивме на оваа средба со Потпретседателот Пенс, како и на претходните со Секретарот за Одбрана Метис во Скопје, и со генералот Куртис Скапароти како командант на Командата на американските сили во Европа и на Врховната команда на НАТО за Европа, и на кусата средба со Претседателот Трамп во Брисел.

Со Потпретседателот Пенс разговаравме за нашите активности за спроведување успешен референдум на 30 септември, како чекор кој ќе ни ја потврди иднината во најмоќните сојузи НАТО и ЕУ, и дека повикавме сите политички лидери, вклучувајќи ја и опозицијата, да се вградат во таа иднина.

Разговаравме за напредокот на нашите реформи и за новиот поттик што го правиме за да ги усогласиме со стандардите на НАТО, формирани на вредности што ги прифативме и што ги делиме заедно со нашите партнери во алијансата.

Нагласив дека Република Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Граѓаните на нашата земја препознаваат дека од нивната одлука на референдумот поканата за НАТО што ја добивме во Брисел, ќе се преточи во протокол за пристапување и со процес за ратификација на нашето пристапување во јануари 2019 година.

Столчето во НАТО, кое значи рамноправно учество во работата на Советот на алијансата и безбедност и стабилност за нашата земја уште на почетокот на идната година, го прифаќаме заедно со одговорностите. Остануваме на нашата заложба да го зголемуваме одбранбениот буџет секоја година за да достигне 2% до 2024 година.

Нас средбата со Потпретседателот Пенс разговаравме дека дека нашите граѓани знаат дека евро-атлантската иднина, освен консолидација на политичките реформи, ќе донесе и економски раст, кој сакаме да го делиме и заеднички да го остваруваме и со сите наши соседи.

Промовираме дијалог, толеранција и регионална соработка и тоа ни беше водилка и во остварувањето на историскиот договор со Грција.

Поттикнати од успехот на договорот со Грција, го зајакнавме повикот до лидерите во регионот да се обединат за заедничките цели: одржлив мир, економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ, како гаранции за стабилна превенција од инволвирање на трети страни во регионот.

Охрабрени и инспирирани од средбата со Потпретседателот Пенс, остануваме во тесна соработка со САД во исполнувањето на нашата стратешка цел, да ги консолидираме евроатлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации кои се дел од истото семејство.

Го поканивме, и добивме ветување, дека ќе направи сѐ што може следната година во нашата земја заедно да го прославиме членството на Република Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија