(ВИДЕО) Заев: Перспективите што доаѓаат од иницијативата 16+1 на НР Кина се исклучително поволни за проектите што ги нудиме

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по обраќањето на пленарната сесија на економскиот, трговскиот и финансиски форум на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од централна и источна Европа со Народна Република Кина, што се одржува во Будимпешта, во изјавата за медиумите истакна дека самитот 16+1 уште еднаш ги потврди можностите за идните инвестициски перспективи кои што се овозможени преку евтините кредитни линии од владата на НР Кина упатени до сите земји во регионот користејки го Патот на свилата како нова програма што е отворена како дел од иницијативата 16+1.

„Република Македонија е подготвена да настапи со многу капитални инфраструктуирни проекти. Еден од приоритетите е железничката линија од Коридорот 8, посебно делот од Кичево до границата со Албанија, во проектна вредност од околу 500 милиони евра, како и автопатското решение за делницата Велес-Прилеп, кое во делот на централна Македонија ќе обезбеди инфраструктурно решение за олеснување на патувањето на граѓаните во внатрешниот дел на нашата земја. Секако остануваат и многу други проекти на кои што ќе се посветиме, како што е модернизирањето на железничката пруга од македонско-грчката граница до Табановце, како дел од Коридортот 10, и обновата на автопатските и на патните мрежи низ републиката, кои, исто така се дел од нашите приоритети“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, во изјавата ги нагласи и перспективите за соработка во областа на културата, во областа на информатичките технологии, и во областа на други важни сегменти од животот на граѓаните, за кои иницијативи пристигнаа и од владините претставници на НР Кина на овој сами.

На новинарско прашањекакви придобивки може да се очекуваат со оглед на тоа дека идната година домаќин на овој самит за соработка на земјите од источна и централна Европа со НР Кина, ќе биде Бугарија, премиерот Заев рече дека Република Бугарија е голем поддржувач на интересите на Република македонија и дека тоа произлегува и од договорот за соработка, добрососедство и пријателство.

„ Бугарија идната година ќе биде во центарот на европското и светското внимание преку нивното претседавање со ЕУ во првата половиона од годината, а во втората, оваа земја ќе биде домаќин и на овој самит. Јас верувам дека Република Македонија колку повеќе ќе подготви готови пртоекти, дотолку повеќе ќе може да партиципира со поголеми очекувања во сите овие можности што се нудат за земејите од источниот и централниот дел на Европа“, одговори премиерот Заев.

Запрашан за коментар за одговорот на Бугарската православна црква на писмото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, премиерот Заев рече дека како исклучително позитивна ја оценува подготвеноста на БПЦ да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот