(ВИДЕО) Заев: Остануваат папките за „Монструм“ и А1, но јавноста ќе ги чуе

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека настаните во Куманово ги спречиле намерите да бидат обелодените папките кои откриваат нови детали за случајот „Монструм“ и за затворањето на А1 телевизија. Тој уште еднаш повтори дека објавувањето на нови прислушувани разговори ќе биде стопирано за некое време, но дека на крај ќе бидат објавени сите доказни материјали за коруптивни афери на власта затоа што, вели, јавноста има право да знае.

– Пред самиот почеток на овој процес беа подготвени 102 папки или случаи, 33 се само објавени. Сакавме да ги покриеме сите области од секојдневието на граѓаните, сите отворени прашања, и намерата беше да бидат соопштени вкупно 35 до самиот протест. Овде е случајот „Монструм“ и А1 телевизија. Второто го изгубивме како можност затоа што ги спречивме сите активности на опозицијата за време на критичните денови во Куманово и го изгубивме тој ден, а реално Куманово влијаеше да го пролонгираме процесот „Монструм“ за одреден период. Но јас вистината ја ветив и таа вистина ќе биде обелоденета комплетно. Верувам дека граѓаните сакат да слушнат што се случувало со проектот „Скопје 2014“, процесот „Шпион“ и „Детонатор“. Таа вистина ќе биде споделена со граѓаните – изјави Заев.

За разговорите кои се водеа во Стразбур тој рече дека може да ги нарече успешни и дека тие ќе продолжат под медијација на претставници од Европската унија. Заев најави и присуство на нов олеснувач.

– Тоа е човек кој ќе го помогне процесот како мониторинг но и гаранат. Тоа е наше барање затоа што опозицијата неколку пати се има изгорено од страна на власта. Мора да има гаранција од меѓународната заедница. Тие се понудија комплетно да бидат постветени на целиот преговарачки процес – додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија