(ВИДЕО) Заев од Велес: Мицкоски само крши мерки за заштита од коронавирусот и нуди обнова на режимот

Од:

На граѓанаската трибина во Велес, претседателот Заев ги потенцираше разликите помеѓу концептите на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

– Гледаме како се грижат за здравјето на граѓаните, во целиот овој период, Мицкоски оди по тератани, по кафани, организираат масовни собири, редовно не носат маски, не почитуваат и кршат мерки и тој ќе давал примери како да се однесуваат граѓаните. Не може така. Ништо што е од интерес на граѓаните не нудат, нудат само обнова на режимот посочи Заев.

Од друга страна, порача Заев ние нудиме концепт што води напред, концепт за уште посилен раст и развој, концепт кој ја зајакнува борбата против коронавирусот.

– Верувам во мудроста на нашиот народ и затоа водиме позитивна кампања во која кажуваме се, овие избори или ќе не вратат назад и ќе не поддржат во исправниот пат. На денот на изборите само три опции: Можеме повеќе, Можеме подобро и На прав пат, да не ги заборавите. Верувам дека на 15 јули и Велес и цела изборна единица 3 и цела држава ќе ја слават победата на коалицијата „Можеме“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел