(ВИДЕО) Заев од Ресен: Сериозна е одговорноста на секој, да излеземе сите за Македонија во НАТО и ЕУ

Од:

Да не остане некој дома, одговорност на секој е да излезе и да гласа. Јас сум За, ве повикувам сите да гласаме За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Ресен.

– Овој референдум не е борба за власт, тој е за раст на економијата, за развој на образованието, здравството, туризмот, за среќа во очите на сите граѓани. Конечно сме блиску до целта на сите досегашни генерации изжинатите 27 години, додаде претседателот на СДСМ и премиер, Заев на трибината.

Тој им се обрати посебно на младите дека имаат обврска да си ја обезбедат својата иднина во родната земја.

– Знамето на Македонија ќе се вее заедно со знамињата на земјите членки на НАТО и ЕУ, а земјава ќе биде признаена во цел свет, со потврден македонски јазик и македонски идентитет, дополни претседателот на СДСМ и премиер, Заев. Се заблагодари на сите етнички заедници во државава, за солидарноста за заедничка иднина.

-Ова е неповторлива историска шанса, не смееме да ја пропуштиме, цел свет ни подава рака, но тие не можат да гласаат наместо нас. Одлуката мора да ја донесеме ние. Со преспанскиот договор одржавме лекција за европските вредности и на Европа: како се гради пријателство, како се подава рака, за нашите деца, за иднината, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој се обрати и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски:

-Ако сме сите за НАТО и ЕУ, придружете се. Можеме политички да се конфронтираме, но должност ни е да застанеме заедно за Република Македонија, тоа ни е татковинска обврска, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

-Можете ли да замислите која е алтернативата ако не успееме? Затоа е сериозна одговорноста. Апелирам до секој да биде сериозно посветен, повика тој.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев посочи на 80-процентната поддршка од граѓаните за ЕУ и НАТО и определеноста на мнозинството политички партии во Македонија.

-Верувам во мојот народ. На 30.септември заедно масовно ќе излеземе и ќе гласаме, за нашите деца, за Македонија 30.та членка на НАТО и За европска Македонија, заокружи на трибината во Ресен, претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски