(ВИДЕО) Заев: Од разговорите во Брисел ќе зависи дали опозицијата ќе продолжи со бомбите

Од:

Пред почетокот на средбата во Брисел, лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш ги потврди цврстите позиции на опозицијата дека актуелниот премир, Никола Груевски, не смее да учествува во преодната влада која за време на транзициониот период треба да ја извади Македонија од политичката криза.

Главна тема на денешните преговори е токму преодната влада и нејзиниот можен состав. На средбата присуствуваат лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија.

-Сосема се спротивни позициите на двете страни иако аргументите се на наша страна. Крајна цел се фер, демократки и регуларни избори кои можат да се спроведат единствено од преодна влада без Груевски, која ќе ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните. Девет години опстојување на оваа власт го направи овој автократски и диктаторски режим кој може да се искорени само се месеци работа на таа преодна влада која ќе ја гарантира слободата на граѓаните – изјави Заев за „Телма“.

Од резултатите на денешните разговори, посочи тој, ќе зависи дали СДСМ ќе продолжи со објавување на бомбите. Брисел кога тогаш, вели тој, ќе мора да разбере.

-Се надевам дека Европската комисија ќе сфати денеска, ако не денес тогаш во блиска иднина. Нема каде да брзаме. Важно е да добиеме позитивна препорака од ЕК, тоа не води на патот кон ЕУ, но пред се и над се мора да имаме демократска земја – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба