(ВИДЕО) Заев од Пласница: Само со сплотени граѓани Македонија ќе оди напред

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со граѓани во Општина Пласница. Од ова место, Заев упати порака дека само со сплотени граѓани Македонија ќе оди напред и може да се врати животот во секоја општина, за сите.

Тој побара поддршка за концептот едно општество за сите и нагласи дека заврши времето на поделбите, граѓаните се сплотуваат за живот во Македонија.

„Со новата локална власт примарно и најважно, ќе го решиме прашањето за чиста и здрава вода за пиење во Општина Пласница. Заедно, општината и Владата ќе ги обновиме регионалните патишта. Патот што се пробива кон Крушево сега се прави од ваши пари. Не го прави општината. Ветувам дека ќе обезбедиме асфалт за потребните девет километри и ќе ја отвориме Пласница да живее и да биде поврзана општина. Целосно ќе ја подобриме мрежата за меѓуселски и селски патишта. Ќе има полесна пристапност и подобрување на сообраќајот внатре во Пласница и од Пласница насекаде помеѓу другите населени места. Активно ќе ја поддржуваме општината да се стават во сила плановите за локален економски развој. Конечна цел мора да ни биде да отвораме фабрики овде, да има производствени погони за да се вработуваат младите“, порача Заев од Пласница.

Лидерот на СДСМ побара поддршка од граѓаните на Пласница за кандидатот за градоначалник Шпресим Ајроски и советничката листа на СДСМ и коалицијата и нагласи дека тој, Владата и парламентарното мнозинство, ќе сторат се, оваа општина да биде гордост за цела наша земја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни