(ВИДЕО) Заев од Охрид: Ја извадивме земјата на прав пат, нам ни се важни Охрид и УНЕСКО, а не Субрата Рој

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати на граѓанскиот собир во Охрид, заедно со носителката на пратеничката листа во Изборна Единица 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, еден од кандидатите од Охрид.

Покрај брегот на Охридското Езеро, претседателот Заев порача „Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме да ги вратиме природните убавини согласно критериумите на УНЕСКО. Јас верувам дека Законот и овде ќе важи еднакво за сите без разлика кој е приврзаник на СДСМ, ВМРО или воопшто не го интересираат партии. Затоа што Охрид, драги Охриѓани е ваш нај повеќе, но и наш на струмичани, на скопјани и на кумановци и на тетовци и на цела наша Македонија.“

Осврнувајќи се на сработеното во изминатите две и пол години во Охрид, претседателот Заев истакна „Денес покажуваме дека сме поинакви. 1 милијарда е поддршката кон компаниите и тоа директно со програмите за финансиска поддршка на инвестиции поврзани со работни места. Да отвораат работни места за Охрид и охридскиот регион. Дополнително, 1 милијарда е помошта сега со пакетот од 14.500 денари поддршка за минимална плата.“

„Една милијарда е директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот. 1 милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на ниту еден денар за 11 години за Охрид на оние другите,“ додаде Заев.


На трибината се обрати и д-р Лина Стефановска, независен граѓанин, стоматолог која како млад професионалец одлучи да остане да живее и да работи во својот роден Охрид. Таа ја потенцираше важноста да се биде одговорен и претпазлив во време на здравствена пандемија. Во исто време им оддаде почит на медицинските работници, и министерот Филипче за сите напори и жртви кои ги даваат овој период.

„Од овде, од нашиот Охрид од каде што потекнува и актуелниот министер за здравство Венко Филипче Ве молам за аплауз со благодарност до него и до сите мои колеги ширум земјава. Тие беа и се нашите херои,“ порача д-р Стефановска.

На крајот, претседателот Заев порача, на 15 јули, на изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и да ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар