(ВИДЕО) Заев од Љуботен: Само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите

Од:

Ова што го работиме заедно е вредно, ајде да го продолжиме на 29 октомври. Македонија е сплотена како никогаш досега, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, други, само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите. Ќе има живот и во Бутел и во цела Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на село Љуботен во скопската општина Бутел.

-Граѓаните видоа дека Македонија има само една опција, единство, кое што обезбедува иднина и персективи за сите, рече Заев.

Тој додаде дека додека светот се развива, се развива интернет комуникацијата, отвора шанси, се отвораат работни места, во делови од Македонија, како во Љуботен, се уште се гази во кал.

-Ќе има водовод и чиста вода за пиење во Љуботен. Старото училиште Гоце Делчев ќе го адаптираме и ќе направиме детска градинка. Ќе ги асфалтираме улиците по селото, до последните сокаци. До крајот на 2018 година, најважните проблеми за жителите овде ќе ги решиме. Ќе ги развиваме селата. Ќе ни одат и градовите напред, ако има живот во селата, рече Заев.

-Барам поддршка од сите за кандидатот за градоначалник, Велимир Смилевски, јасни се тенденциите, да продолжиме да го градиме животот за сите. Да има живот во Љуботен, да има во Бутел, да има во сите општини низ Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на Љуботен, во општината Бутел во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски