(ВИДЕО) Заев од Будва: Со конкретни дела да покажеме дека сме подготвени за ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде изјава за медиумите во рамки на работната посета во Будва, за регионалната Економска конференција на Црна Гора 2017, во којашто оцени дека како ќе се придвижуваат работите во регионалната соработка и перспективите во интеграциите, зависи од државите во регионот.

„Со конкретни, практични дела да покажеме дека сме подготвени за пристапување кон ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев.

Тој тука ги наведе како очекувања растот на БДП, отворање нови работни места, преквалификување работна сила.

На новинарското прашање за посочените истраги за злоупотреби кај двајца функционери од власта и за кои дела, премиерот Заев рече дека справувањето со корупцијата е важно прашање и за самите држави во регионот и за нивните ЕУ интеграции.

„Новата Влада ги обелоденува работите, се охрабруваат граѓаните да пријавуваат, нашиот став е секоја индикација за истрага да ја процесуираме, можам само да кажам дека се работи за почетокот на август, за другото ќе кажат истражните органи“ одговори премиерот Заев.

Во врска со тоа колку е реално очекувањето за отворање на најавената авиолинија Скопје – Подгорица – Сараево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека верува дека брзо ќе биде обезбедена авиолинија.

„Се работи за проценки на база на пазарни механизми, затоа ги повикавме сите заинтересирани компании, ако треба како држави нешто ќе субвенционираме. Да направиме сите што можеме да ги унапредиме соработките меѓу нашите држави“, рече меѓу другото премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани