(ВИДЕО) Заев: Нема среќна Македонија без среќни граѓани, не дозволувајте веќе да бидеме во заточеништво како досега

Од:

Се менуваат работите, овој плоштад покажува дека жедно за промени е и ова убаво место, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Свети Николе.

-Ви ветувам, младите ќе живеат тука, ќе работат тука, овде ќе чекаат и деца и внуци. Но, нема развиена татковина без развиени општини, нема среќна Македонија, без среќни луѓе. Не дозволувајте општината да ви е во заложништво, еве слободна е, Македонија слободно дише. По 11 години режим, Македонија е комплетно финансиски стабилна и почнавме со социо-економските мерки, рече претседателот Заев.

-Нема повеќе криминални тендери. Заштедивме 45 милиони евра, тоа се 10 годишни буџети на Свети Николе. Свети Николе има одлични перспективи, со вакво плодно земјиште, со ваква географска поставеност, трансферзали, од вас зависи. Да ги довршиме промените, додаде претседателот Заев кој повика граѓаните на Свети Николе да го заокружат бројот 19 на локалните избори, за живот во градот и во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО