(ВИДЕО) Заев: Нема никаков поткуп, случајот е комплетно наместен

Од:

Судското рочиште за случајот „Поткуп“ закажано за денеска, е одложено бидејќи двајцата адвокати на лидерот на СДСМ Зоран Заев не биле во можност да присуствуваат поради патување во странство.

На рочиштето се појави лидерот на СДСМ, кој изјави дека е наместен за овој случај.

„Многу пати имам давано изјави за случајот „Поткуп”. Се работи за комплетно местење коешто апсолутно верувам дека и е познато и на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа.

Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако не можеме да дојдеме до наредбите коишто по право го имаме како одбрана да ни бидат доставени и слично. Но секако, во развојот на целиот овој процес јавноста ќе биде секогаш како и досега транспаретно информирана“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев