(ВИДЕО) Заев: Не знаев дека предложената е сестра на Катица Јанева

Од:

Премиерот Зоран Заев по информацијата во медиумите дека Владата му предлага на Собранието да ја избере за заменичка на Комисијата за хартии од вредност, сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова, рече дека отпосле дознал дека тие се роднински поврзани.

„Ние само предлагаме. Собранието е тоа што ги носи одлуките. Секој граѓанин може да конкурира“, рече Заев и додаде: „Како да ѝ кажете дека нема право да конкурира ако ги исполнува усливите?“, одговори премиерот на новинарско прашање зошто Владата ја предлага сестрата на Катица Јанева. Јавноста е тука, слободно коментирајте ако има судир на интереси и неетичко однесување, им порача Заев на новинарите.

Во документ што е испратен од Владата и примен во Собранието на 2 мај оваа година, Владата бара Собранието да избере претседател и заменик на Комисијата кои ќе бидат професионално ангажирани и уште тројца членови кои ќе доѓаат на седници.

Комисијата за хартии од вредност треба да ја води Нора Алити, експратеничка од ДУИ, а останатите тројца предложени членови се: Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?