(ВИДЕО) Заев: Најголема болка и горчина е празнењето на Македонија и заминувањето на младите

Од:

Се што постои како капацитет, ресурс и памет ќе биде ставено на располагање на граѓаните на Македонија, вклучително на граѓаните на Пробиштип. Владата има смисла од постоење само заради вас граѓаните. Новата општина на чело со Драган Атанасов – Ладич ќе има смисла на постоење само заради вас, граѓаните, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Пробиштип.

– И за законот за стечајците и за законот за рударите, целиот овој период соработувавме заедно со сегашниот кандидат и идниот градоначалник на Пробиштип на кој што сум му благодарен, заради тоа што веруваше. Законот за стечајните работници го донесовме, почна подготовката за законот за рударите заради тоа што тоа е навистина важно овде за Пробиштип, рече Заев.

Тој додаде дека најголема болка и горчина е празнењето на Македонија од младите луѓе и нивното заминување и рече дека мора да се направи нешто за младите да останат во Македонија.

– Затоа, сите млади луѓе што се овде, да се разбереме, државата преку новата влада отвори веќе неколку механизми. Ја воведовме младинската гаранција. Целта е секој млад човек што сака да оди на магистратура и докторат, државата директно ќе му помогне финансиски. Секој друг млад човек, кој што бара работа, а е невработен, завршил образование може да побара работа насекаде, било каде во приватниот сектор, а притоа газдата или директорот да не мора за првата година да му обезбеди плата. Државата обезбедува бруто плата за првата година, за секој млад човек да тргне на работа, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски