(ВИДЕО) Заев на средба со претседателот на ЕС, Мишел: Силно сме мотивирани да продолжи европскиот курс на државата

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.

На средбата се разговараше за процесот на реформи, потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.

Претседателот Заев истакна дека сите институции се силно мотивирани да продолжи европскиот курс на државата со цел заокружување на интеграцијата во ЕУ, што е цел на сите граѓани на Република Северна Македонија.

– Уверени сме дека заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи, добрососедство и економски развој. Се надеваме дека сите политички фактори ќе бидат на висина на својот дел од одговорноста, особено кога станува збор за европската иднина на државата, потенцираше претседателот Заев.

Од страна на претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел беше изложен јасен план за натамошно делување во насока на деблокирање на процесот на проширување и обединување на сите држави членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа