(ВИДЕО) Заев: На кумановчани им го враќаме во полн сјај спортскиот комплекс „Соколана“

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и други гости спортски работници од општината и од државата.

„Ми претставува навистина искрено задоволство да бидам дел од овој настан со кој ја означуваме како готова првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.

Сега имаме целосно современо и функционално уредено игралиште со акрилна подлога, проширени трибини и дополнителна инфраструктурна опрема како осветлување и заштитна ограда.

Сето тоа е само дел од севкупната обнова на спортскиот комплекс „Соколана“, гордоста на Куманово и кумановци и еден од најубавите спортски и архитектонски објекти во нашата земја“, кажа Заев.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе