(ВИДЕО) Заев: На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија

Од:

„Паралелно со реформите и промените во државата, тече и процесот на промени и подобрување на СДСМ.

Се подобруваме за подобро да им служиме на граѓаните и да внесеме нови, силни демократски вредности во нашето општество.

Процесот на ажурирање и активна регистрација на членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тече одлично ширум републиката.

Веќе имаме над 67.000 ажурирани членови на 4 дена до истекот на рокот, очекувам да имаме околу 70.000 членови. Она што особено радува е што кон СДСМ пристапуваат и многу нови членови“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Социјалдемократското семејство е доволно големо и силно.

Граѓаните ги препознаваат нашите политики, знаат дека со СДСМ е сигурно, дека со СДСМ, државата, економијата, целото општество се движат напред и затоа ја даваат довербата.

Со СДСМ имаме членство во НАТО, поголеми плати, зголемена минимална плата, просечна плата, повисоки пензии, инвестиции, над 1,3 милијарди евра помош за граѓаните и економијата.

Со СДСМ имаме слобода и демократија но и еднаквост помеѓу мажите и жените, нови шанси за младите.

Додека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во СДСМ повторно се случуваат нови промени, следуваат првите, директни внатрепартиски избори на 21 март.

Одново, правиме револуционерен, пионерски чекор во партиското дејствување.

Токму СДСМ, на 21 март, на денот на пролетта, ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија, членовите на директни избори да го избираат својот Претседател.

Горди сме на ова, процесот на непосредни внатрепартиски избори ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии, и тоа на светско ниво.

Само демократски партии кои поставувата нови демократски стандарди и водат напред можат да ги движат општествата и да им служат на граѓаните.

СДСМ продолжува да се менува, затоа СДСМ продолжува и да победува, затоа што е посветена и работи во интерес на граѓаните и државата“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов