(ВИДЕО) Заев-Мичел: Референдумот е шанса за остварување на стратешките цели

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров и своите соработници, денеска оствари средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел, кој беше придружуван од амбасадорот на САД во Земјава, Џес Бејли.

На средбата Премиерот Заев уште еднаш се заблагодари за континуираната поддршка којашто Република Македонија низ годините ја добива од Соединетите Американски Држави. Премиерот Заев истакна дека денешната посета на помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел е силно охрабрување за Владата, но и за граѓаните на оваа земја пред историскиот предизвик со којшто сме соочени, а тоа е спроведување на успешен референдум.

„Секоја голема одлука е резултат на компромис. Но, во нашиот случај, компромисот е исчекор напред. Исчекор кој ќе ни овозможи членство во ЕУ и НАТО со сите придобивки кои доаѓаат со тоа. Референдумот е шанса за остварување на нашите стратешки цели. Тоа се цели на сите претходни генерации, донесени како наша суверена одлука, со сеопшт политички и меѓуетнички консензус. И затоа и натаму ќе продолжиме да ги охрабруваме граѓаните да гласаат на референдумот“, посочи Премиерот Заев на средбата.

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел на средбата истакна дека Соединетите Американски Држави се импресионирани од резултатите коишто ги постигна земјава во изминатава година и пол и најде решение за проблем стар 27 години.

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Мичел исто така потенцираше дека Република Македонија и натаму ќе добива силна поддршка од Америка бидејќи, како што рече, очигледно е дека граѓаните посакуваат иднина во Евро-атлантското семејство на народи.

Во изјавата за медиумите, Премиерот Заев повторно ја повика опозицијата јасно да го каже својот став. Бидејќи како што рече, неодговорноста и непрепознавањето на историската шанса не се патриотски постапки. Не се постапки на лидери.

Повик до граѓаните да излезат и да гласаат на претстојниот референдум на 30-ти септември, преку медиумите, испрати и помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски