(ВИДЕО) Заев: Ќе ја разобличиме комплетно неправдата и ќе има правда во Македонија

Од:

Ви благодарам на вас новинарите и на вашите медиуми што ги следите ваквите случувања во македонското правосудство и продолжете да ги следите, како што тргнала работава комплетно ќе ја разобличиме неправдата во Македонија и ќе дојде време на правда во нашата земја, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Денеска, како што бевте сведоци, се случи една катарза и врв на срамот во правосудството во Македонија. Златко Биковски, кој го водеше случајот Пуч, дојде да го заменува Владимир Милошевски.

Владимир Милошевски констатиравме, не е надлежен и нема надлежност да застапува вакво обвинение. Истиот тој Златко Биковски на претходното рочиште потврди дека тој има право да го застапува ваквото обвинение. Само по себе, ова претставува апсурд и контрадикторност, што само по себе го разобличува и го отвора како пупка сето она што се случува во македонското правосудство.

Ние сме тука исправени барајќи правда. Се надеваме дека правдата ќе дојде за сите во Република Македонија“ рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Полицијата уапси директор кој прими поткуп од 50.000 евра

Горан Наумовски

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО