(ВИДЕО) Заев: Јас сум жртва на анти-НАТО пропаганда и на мојата отвореност

Од:

Премиерот Зоран Заев обвини дека е жртва на анти-НАТО пропаганда по објавената телефонска снимка од руските комичари.

Според него оваа акција трае со години, а на удар се земји со евро-атлански аспирации. Тој им се извини на граѓаните и додаде дека и други високи функционери, од други држави биле „жртви“. Заев рече дека нема намера да поднесе оставка.

– За жал и јас станав еден од измамените, од добро организирана структура. Но, не сум само јас мета на дискредитација. Тие го измамиле и Макрон, Борис Џонсон, Михаил Сакашвили, Столтенберг, Ердоган… Листата покажува дека сум во добро друштво, кажа Заев.

Во однос на делот за со патријархот Вартоломеј и подготвеноста на премиерот да даде 100 илјади евра за решавање на прашањето со МПЦ, Заев вели дека е неавтентичен контекст.

– Ова е нов аларм за цел свет за организирана борба против манипулации и лажни вести. Жртва сум на мојата отвореност. Затоа што врвен приоритет ми се граѓаните. Наскоро ќе излеземе со итен план на акција за ширење дезинформации, рече премиерот.

Испочитувани се сите протоколи на комуникација, тврди Заев и вели дека разговорот е во канцеларија преку „Ватсап“ апликација. Тој уверува дека не оддал државна тајна.

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) објавија видео од три разговори со премиерот Зоран Заев, во кое тие се претставуваат како поранешниот украински претседател, Петро Порошенко.

Разговорите се водени кон крајот на август 2018-та, јануари 2019-та и 20 април 2019-та година.

Во еден од разговорите, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Порошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“.

Руските комичари, во минатото лажно претставувајќи се разговарале и со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател, Емануел Макрон и други јавни личности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?