(ВИДЕО) Заев: Јас сум среќен што граѓаните се подготвени да го заштитат Вевчани и повторно сите да се гордееме

Од:

Локалната власт го валкаше лицето на славно Вевчани. Јас сум среќен што граѓаните се подготвени да си го заштитат Вевчани и повторно сите да се гордееме со Вевчани, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со жителите на Општина Вевчани.

– Вечерва да зборуваме за иднината, да зборуваме за перспективата, да зборуваме за соработката помеѓу централната власт и новата локална власт водена од овие прекрасни луѓе во новиот Совет, кој што ќе биде мнозинство на чело со доктор Душко Ѓурчевски. Оваа стара училишна зграда, која што ја доупропастија повторно ќе блеска со жагор на луѓе. Ќе создадеме модерен младински културен центар, изложбен простор каде што ќе имаме и уметнички галерии и поетски вечери, ќе блика нашата историја овде од славното Вевчани“, рече претседателот Заев.

Тој нагласи дека изборот на 15 октомври е лесен и едноставен.

– Гласаме за бројот 19, гласаме за доктор Дуле, гласаме за Сашо Јанковски, гласаме за живот во Вевчани за сите, порача претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски