ВИДЕО: Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во групните домови низ државата

Од:

Премиерот Зоран Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатниот центар за бездомни деца, а со некои од нив имаше прилика и да се види на настани врзани за новогодишните празници, информираат од Владата.

-Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби. Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња и заедно да и се радуваме на Новата година. Како Влада ние сме посветени на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Да одат низ животот самоуверено и сигурно, истакна премиерот Заев во фабриката за кондиторски производи „Европа” која ја посети заедно со децата со Даунов синдром од групата „Ветерница”.

За време на посетите, како што се вели во денешното соопштение од Владата, една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови беше радоста заради празниците, како и тоа дека не се само место за живеење, туку место на кое децата растат во љубов и ја споделуваат таа топлина и љубов меѓу себе и со нивните гости.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот