(ВИДЕО) Заев: Институционално сме подготвени за справување со сите нелегални активности на границите во 21 век

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која придружувани од директорот на Царинска управа на РСМ, Ѓоко Танасоски денеска имаа свое обраќање на почетокот на дводневната регионална конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“.

На оваа регионална конференција учествуваа претставници на граничните и царинските управи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија , Грција, Косово, Романија и Турција кои ќе ги споделат најдобрите меѓународни практики за спречување на организираниот криминал и корупција.

Во своето обраќање Амбасадорот Која истакна дека ваквите настани се од големо значење поради размената на искуствата и најдобрите практики за интегрирано гранично работење и одржување на безбедноста на границите како и подобрување на граничните услуги.

Директорот на Царинската управа Танески исто така истакна дека одделните гранични служби се генерално поефикасни кога соработуваат и дејствуваат заеднички. Дополнително додаде дека за постигнување на целта отворени и безбедни граници, за Царинската управа значи потреба од постојани промени и прифаќање на нови начини на работа, кои ја надминуваат основната работа на институцијата како институција за наплата на давачки.

„Апсолутно очекувано е да се прифати дека како земји кои се составен дел на глобалната светска заедница, глобалните закани, глобалните пазари и глобалните медиуми се нашата заедничка реалност. Дел од таа реалност се и нелегалните глобални прекугранични активности за кои се неопходни соодветни одговори.

Предизвикот е двојно поголем бидејќи денеска границите не се само бариери и задолжително места кои треба херметички да затворат една национална заедница“, рече Заев.

„Напротив во глобалниот свет, ако слободниот проток на луѓе и производи мора да биде максимално ефикасен, двојно повеќе треба да бидат поефикасни мерките за борба против организираниот криминал, вклучувајќи ја корупцијата и илегална миграција, трговија со оружје, шверцот на дрога и трговијата со луѓе. Како порта на Европската Унија, Западен Балкан е клучната точка на овие нелегални активности. Затоа наша институционална и морална должност е да ги запреме сите криминални прекугранични активности“, додаде Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити